MK | EN
 
 
 
 
 
 
 


П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30


Моментално 1 посетител
Вкупно 495537 посети

 

Почеток
ИПАРД речник

П
Платежна агенција

Платежната агенција спроведува мерки според заедничката земјоделска политика и мерки според националната земјоделска политика. Една платежна агенција извршува функции на: примање, контролирање и одобрување на побарувањата, сметководство и извршување на исплати, контрола на самото место и се грижи за правилно управување со помош на внатрешна ревизија. Во Република Македонија тоа е Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

 
Повеќегодишна индикативна програма – ПИП/MIP

Претставува документ заснован на Документот за стратегија на земјата, со кој се утврдени  приоритетите што се договорени со владата на земјата-корисничка. Се подготвува за одреден временски период, дава индикативни суми по приоритетен сектор и ги наведува критериумите за финансирање во програмата за помош.

 
Погон

Градежна целина (фабрика, складиште и сл.) каде што: се извршува производствена дејност, каде што се создаваат, складираат, преработуваат производи и/или каде што се даваат/извршуваат услуги.

 
Преработувачка операција

Една серија/низа/редица на производствена линија (пр. сушење, замрзнување, конзервирање/пастеризација, ладење, сечење,мелење итн.)

 
Претпристапна помош

Претпристапната помош им помага на земјите што се кандидатки за членство во Европската унија да ги исполнат условите за пристапување. Потребни се значителни инвестиции за да можат земјите-кандидатки да ги приспособат своите институции и стандарди, со цел да бидат во согласност со acquis-то на Заедницата и да бидат способни да ги исполнат нивните обврски како земји-членки.

 
Прифатливи трошоци

Се сите оние трошоци, кои согласно ЕУ и националналното законодавство, можат да бидат предмет на финансиска поддршка од страна на АФПЗРР.

 
Програма

Претставува организиран збир на финансиски, организациски и човечки ресурси, ангажирани за постигнување на некоја цел или низа на цели во одреден временски период. Програмата е ограничена во однос на планот и на буџетот. Целите на програмата се определуваат однапред, а напорите потоа се прават систематски за да се постигне доследност помеѓу тие цели.

 
Програмирање

Се однесува на повеќегодишни развојни програми, а е резултат на процес со кој се донесуваат одлуки преку партнерство. Самиот процес има бројни етапи чија завршница се мерките што се преземаат од страна на јавни или на приватни носители на проекти.

 
Проект

Проект е серија од активности чија цел е да се постигнат јасно одредени цели во одреден временски период и со дефиниран буџет.

 
Производствена единица

Локациски заокружена стопанска единица на која се врши земјоделска дејност и за која се води евиденција во МЗШВ.

 
Производствена линија

Збир на последователни преработувачки операции воспоставени во погонот каде суровите материјали се ставени во процес на преработка со цел да се добие краен производ соодветен за потрошувачка.

 
 
 
 
mk, site, footer
Fl Инструмент за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) 2007-2013 Fr
Последна промена: 19.05.2014  | Правна забелешка | Контакт